Тренерите во еден руски циркус тврдат дека два слона успеале да се спасат од сибирската зима со помош на водка. Портпаролот на руското министерство за кризни ситуации Александер Давидов рекол дека слоновите биле во приколка која се запалила во близина на Новосибирск, поради што нивните тренери морале да ги изведат на ладното време и да чекаат нова приколка.
Медиумите ја пренеле изјавата на еден од тренерите кој тврдел дека животните испиле десет литри водка разблажена во топла вода и така ја преживеале сибирската температура. Весникот ја пренел и изјавата на ветринарот кој рекол дека на слоновите им биле смрзаните само крајните делови на ушите. Иако научницте велат дека алкохолот на луѓето им дава само привидна топлина а всушност им ја намалува температурата на телото, директорот на зоолошката градина во Новосибирск Ростислав Шило рекол дека водката ги спасила животните од смрзнување и запаление на белите дробови.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com