Наречете ја доручек за хронични или обична алкохоличарска перверзија, сепак новата водка со вкус на сланина веќе најде свои обожаватели и започна со освојување на американските грла. Производителот Блек рок Спиритс со седиште во Американскиот град Сиетл произвел добитна формула.


Спојот на свинско и алкохол станал хит во сите кафулиња и клубови во градот. По цена од 30 долари за шише жедните грла имаат можност да уживаат во омилениот вкус на сланина. По плејадата на овошни водки, месото во шише е вистинска иновација, а Европјаните кои се секогаш подготвени за експерименти прашање на време е кога ќе ја прифатат оваа водка.