Една руска компанија побарала дозвола да ја регистрира марката „Oppah, Gangnam Style“, како под тоа име би лансирала на пазарот различни видови пијалоци и коктели. Правата на ова име му припаѓаат на раперот Псај чија музичка нумера го носи тоа име. Неодамна овој хит станал првиот на Ју Тјуб со една милијарда прегледи.
Како што било наведено во соопштението на фирмата „Рос Патент“, прашањето околу ова име сеуште не било решено, а еден од правниците на компанијата рекол за локалните медиуми дека марката нема да биде регистрирана во Русија доколку Псај лично не се сложи со тоа. Меѓутоа, многу експерти од бројните локални агенции и компании се скептични во врска со потенцијалниот успех на таа водка и се сложуваат дека брендот набрзо може да згасне.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com