Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија 19 Јануари, Богојавление (Водици), (понеделник), е неработен ден за верниците од православната вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на верниците од православната вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Богојавление.