На одбележувањето на православниот празник Богојавление – Водици во Охрид, вчера, на градското пристаниште присуствуваа околу 20.000 луѓе. Меѓу нив и учесниците на Меѓународниот саем за туризам, познати личности и неизбежно политичари. Претседателот Иванов, иако беше најавуван од организаторот, не дојде во Охрид. Тој вчера ја посети Струга каде се сретна со градоначалникот Мерко. Во Охрид пак беа актуелни министри, пратеници и опозициски лидери. Пратениците на ВМРО ДПМНЕ од Охрид иm правеа друштво на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и на заменик министерот за информатичко општество Мирјана Секулоска. Во Охрид беа и лидерте на СДСМ, Бранко Црвенковски, на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски и на ВМРО НП, Марјан Додоски, кои ги улови нашиот фоторепортер.


Пратениците од ВМРО ДПМНЕ министерката Јанкулоска и зам. министерката Секулоска на пристаниште


Фуере омилен меѓу “сограѓаните“


Брат Љубе секогаш со стил


Црвенковски на кафе муабет со локалното водство во „Ликвид“


Ништо без медиумите – Марјан Додоски дава изјава


Ohridnews