Водителот на детска емисија на ГМТВ телевизијата во Велика Британија Џејми Рајкерс, се соблекол сред емисија во сцена од познатата приказна „Царевото ново руво“. Единствено својата машкост ја сокрил со парче картон. Сепак децата гледале и со прст покажувале на неговиот задник.

Инаку, водителите на детски програми во вакви ситуации носат костими со боја на кожа.  Водителката која била во емисијата заедно со Џејми, Ана Вилијамсон, го прекрила лицето со раце за време на утринскиот пренос во живо.

Шокираната учителка Меди Клајн од Саутхенд, Есекс, мајка на две деца од две и пет години, е една од многуте изнервирани родители. Се жалела во  Ofcom, независна агенција за контрола на радио, телевизија и телекомуникации.

„Тоа беше непримерено за детска емисија.Го покажа скоро целото тело. Водителите би требало да си ја задржат облеката на себе“. изјавила таа.

ohridnews