Кире Т, роден 1986 година во Струга вчера околу 17 часот и 30 минути се удавил во водите на реката “Црн Дрим” во Струга.

Безживотното тело на давеникот е пренесено  во струшкиот Медицински центар, при што  не биле констатирани траги на насилство и било утврдено дека се работи за смрт настаната како резултат на давење со вода.

Сега покојниот, Кире Т.  се капел во реката заедно со негов роднина. Роднината пливајќи разговарал со другарите, а исчезнувањето на давеникот го забележал подоцна.

На лице место, криминалистичко-технички увид извршиле полициски служби, Истражен судија и Основниот јавен обвинител  од Струга.

По наредба на Истражен судија, телото е предадено на семејството.

Во последниве две седмици, ова е второ давење во вода во Струга.

Александра Ристоска