Џек Џоунс е извршен директор на „Џоунс Менаџмен Груп“. компанија која купува нови и половни уебници и ги продава преку интернет. Од својот дом во американското гратче Мари тој договара нарачки и одржува контакт со муштериите, а сето тоа не би било ниту малку чудно, доколку овој успешен бизнисмен нема само десет години.
Со сериозен глас ова момче вели дека на работата и пристапува со максимална доза на одговорност. Иако работи од дома, секогаш носи кошула. составил правилник во кој пишува дека алкохолот и оружјето се најстрого забранети на работното место. Неговата компанија моментално брои четири вработени лица, вклучувајќи ја и директорката за маркетинг Скајлар Сволс која е врсник на Џек. Таа вели дека е задолжена за телефоснките повици. Додава дека да се работи за Џек е како да минеш еден ден во Дизниленд.