Во рамки на проектот Споретско лето, што го организира ЈП Билјанини Извори, под покровителство на Општина Охрид, на 25 и 26 август на градскиот базен “Атина Бојаџи”, по подолга пауза ќе се одржи забавната манифестација “Водени лудории”. Целта е овој малку подзаборавен настан да се обнови и да стане традиционален, но и да се прошири во меѓународни рамки, што ќе придонесе за промоција на градот, велат организаторите.

Пријавувањето на екипите започнува денеска и ќе трае до 21.08.2014 година. Котизацијата за учество по екипа изнесува 3000 денари. Екипата мора да брои 10 учесници и тоа 3 жени и 7 мажи. ЈП Билјанини Извори и Општина Охрид ги покануваат сите заинтересирани граѓани за учество на “ Водените лудории “ да се пријават и да постанат дел од старо новата традиција, да бидат дел од забавата, рекреацијата и спортот.

За учесниците на Водените лудории предвидени се вредни парични и други награди. 

OhridNews

ohridnews