ЈП Билјанини Извори заедно со Општина Охрид како покровител на настанот на 25 август на градскиот базен “Атина Бојаџи” како дел од проектот на Општина Охрид, Спортско лето, организираа уште еден спортско рекреативен настан, кој веќе деценија и пол е подзаборавен од охриѓани, а придонесувал многу за спортско – рекреативниот живот на сите граѓани на Охрид, додека за гостите во Охрид претставувал можност за добра забава за време на летната сезона. 

На настанот учествуваа 4 екипи и тоа: Виспој, Делфина 2012, Св.Стефан и Кадмо. Првото место го освои екипата на Делфина 2012, второ место Кадмо и трето место Св.Стефан.

Станува збор за спортско забавниот настан “Водени лудории”, настан за кој веќе подолго време се подготвуваме, настан кој ќе постане традиција од година во година, се со цел да  прерасне во меѓународен во интерес на промоција на градот Охрид и збогатување на нејзината спортско рекреативна понуда. Оваа година нашата цел беше промотивно да го најавиме овој спортски настан, на кој ќе ставиме акцент на забавата, дружењето и афиримирањето на водените спортови, изјави директорот на ЈП Билјанини извори, Ристе Мишев.

Благодарение на спортските менаџери од ЈП.Билјанини Извори и кординаторот на игрите Јамандиев Наум,  овој настан го пробуди натпреварувачкиот дух кај охриѓани, без разлика на возраста и полот и постави еден нов предизвик за јавното претпијатие, до година, настанот помасовно да биде одбележан, со повеќе екипи и со нови игри и реквизити.

OhridNews