Пар кој водел љубов во кабина за пресоблекување во продавницата Уникло во Пекинг, случајно или не, направи одлична реклама за тој бутик. Имено, илјадници луѓе сега се фотографираат пред зградата во која се наоѓа бутикот, а социјалните мрежи се под опсада од фотографии и објави на таа тема. Видеото е снимено со мобилен телефон и е поставено на една кинеска социјална мрежа. Снимката трае една минута, а иако на прв поглед по ништо не може да се заклучи за која продавница се работи, во еден момент се слуша звучна објава која потврдува дека станува збор за Уникло.

 

Настанот во многу кратко време стана вирален хит, а бутикот е вистинска атракција, и тоа не само меѓу локалците, туку и од туристите од целиот свет. Некои во меѓувреме помислија дека станува збор за намерно лажирана промотивна претстава, а после низата такви обвиненија компанијата издаде официјално соопштение во кое ги демантира тие наводи. Во меѓувреме видеото е избришано од сите социјални мрежи во Кина, а приказната е под истрага поради нарушување на социјалистичките вредности.