Италијанскиот суд одлучил да казни со казна затвор млад пар кој водел љубов на сред плоштад во градот Биела во италијанската покраина Пиедмонт, објавиле италијанските агенции.
Потполно голиот пар за време на сексуалниот чин бил забележан од еден полицаец кој бил на ноќно дежурство.
Напалените Франческо и Ерика од судот побарале наместо казна затвор да добијат парична казна, но судијата истакнал дека сексот во автомобил на јавно место сепак е прекршок за кој би можеле да добијат од три месеци до три години затвор.