Водителот на едно германско радио во понеделникот утрото ја завршил емисијата која ја водел во живо 169 часа речиси без прекин, со што го собори светскиот рекорд.


Доминик Солмајер стариот рекорд кој изнесувал 168 часа го срушил за еден час. Во текот на овој подвиг пуштал песни во должина од две до шест минути и морал да има директно вклучување најдоцна после секоја втора песна. Имал право на пет минути пауза и лекарски преглед на секој час.