Водечкиот американски онлајн магазин за соул музика „soultracks.com“ објави рецензија за светски познатиот џез/ фанк музичар и гитарист од Охрид Владимир Четкар.
Помина доста време од кога на соултрекерите за прв пат им го претставивме македонскиот пејач игитарист Владимир Четкар. Овој дипломец на Беркли колеџот постојано создава префинета музика која стои помеѓу линиите на соул, џез и поп музиката. Владимир моментално го подготвува новиот албум „Going Home“, кој ќе биде објавен на почетокот од 2019 година. Во меѓувреме, тој издаде сингл и видео што ја продолжува неговата низа на силна музика.
‘Come With Me’ е песна со оркестарска позадина и во себе има малку Бери Вајт, малку Џорџ Бенсон и многу забава.
Слушнете ја ‘Come With Me’ и посакајте му добредојде на Владимир Четкар во Соултракс!
„soultracks.com“