Водата од градскиот водовод во Струга не е за пиење, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Струга.

Според информацијата забраната за пиење на водата е поради заматеност предизвикана од врнежите од дожд кои го зафатија регионот.

Ги замолуваме сите граѓани да не користат вода од водоводот до следното известување, стои во информацијата на Јавното претпријатие.

OhridNews