Топлото време деновиве ја покачи температурата на водата во Охридското Езеро, која според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи извршени утрово изнесува 24,5 степени Целзиусови. Во моментов таа е за еден степен повисока од просекот за август (23,5 степени).

Што се однесува до хидролошката состојба, нивото на Охридското Езеро е на 693.39 метри надморска височина, што е блиску до просекот за овој период од годината кој изнесува 693.45 м.н.в.

OhridNews