Резултатите од мерењата на квалитетот на водата во Охридското Езеро ќе бидат познати наредната недела, изјави за Ohridnews, Атанаско Михаилов, началник на Заводот за здравствена заштита Охрид. Тој не сакаше да соопшти детали што покажуваат резултатите од мерењата спроведени во месец мај, иако дел од нив извори од Заводот за здравствена заштита селективно им ги презентирале на дел од медиумите. Сепак како што дознаваме водата во Охридското Езеро во најголем дел е од висока прва и од втора категорија. Но, Охридското Езеро и натаму има жешки точки, особено кај вливовите на реките Черава, Велгошка, Сатеска и Коселска кои и се и најголеми загадувачи на езерото.

Анализите покажале дека 78 проценти од водата во Охридското Езеро е од прва категорија, 28% од втора, а 2% проценти  од трета и четврта категорија.

ohridnews