Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на водата во Охридското Езеро изнесува 23,5 степени Целзиусови, колку што изнесува и просекот за месец август, информира УХМР.
Добра е и хидролошката сотојба на Охридското Езеро. Според денешните мерења тоа се наоѓа на ниво од 693,37 метри надморска височина, што е само 8 сантиметри под просекот за овој период од годината.
OhridNews