Резултатите од последно извршените анализи на земени 30 примероци од површинската вода на Охридското езеро покажуваат дека во најголем дел водата е од прва класа и е погодна за капење и спортување.
Како што информираат од Центарот за јавно здравје, 60% од примероците на површинската вода покажале дека водата е од прва класа, додека останатите анализирани примероци показале дека водата е од втора класа. Од трета класа е водата на Велгошка река.
Температурата на вода во крајбрежниот дел на Охридското езеро, од македонска страна, во моментов е 23 степени.
OhridNews