Јавното претппријатие „Водовод“ ги известуваа корисниците на С. Долно Лакочереј дека водата не е безбедна за пиење.
Врз основа на направени анализи на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид водата не е безбедна за пиење. Се додека не се направи нова анализа, водата во водоснабдителниот систем во с.Долно Лакочереј потребно е да се преврива 35- 40 минути пред да се користи за пиење, информираат од ЈП Водовод Охрид.
Од претпријатието апелираат во наредните денови водата од системот за водоснабдување разумно да се користи.
Поради најавените високи температури во воздухот во наредните неколку денови и зголемениот наплив на туристи, испраќаме апел до сите наши корисници посебно од околината на градот каде што има земјоделски површини, водата од системот за водоснабдување на ЈП Водовод Охрид разумно да се користи,велат од претпријатието.
Од Водовод додаваат водата во водоснабдителниот систем да не се злоупотребува за наводнување на земјоделски површини.
OhridNews