Со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство на Р. Македонија, се забранува користење на водата од водоснабдителниот систем во село Долно Лакочереј, соопшти МЈП Проаква.
Забраната ќе трае се додека од страна на МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид, кое стопанисува со овој водовод од јануари 2019 година, не се пристапи кон обезбедување исправна вода за пиење за што јавноста ќе биде повторно информирана, велат од МЈП Проаква.