Водата во Охридското Езеро во најголем дел припаѓа на прва и втора класа, покажале резултатите од мерењата што месецов на 28 различни локации на крајбрежјето ги извршил Заводот за здравствена заштита -Охрид.
Над 97% од водата во Охридското Езеро е од I и II класа и може да се користи за спорт и рекреација, ни изјави Сашо Точко од ЗЗЗ-Охрид
Според резултатите добиени од физичко-хемиската и микробиолошка анализа и Уредбата за класификација на водите, констатирано е дека 61,2% од анализираните примероци спаѓале во вода од I класа, 38,8% примероци биле од II класа.
Генерално јунските мерења покажале дека водата во крајбрежниот дел кој се користи за капење и рекреација намакедонска страна од Охридското Езеро во најголем дел или 80,3%припаѓа на I класа, 17,9% на II, додека само 1,8% или само еден примерок на вода бил од IV класа
Од ЗЗЗ информираат дека најголеми загадувачи сеуште се четирите реки кои се влеваат во Охридското Езеро, Велгошка, Коселска, Сатеска и Черава. Анализите покажале дека водата од овие реки 50% е од III, а 50% од IV класа, додека според Уредбата за класификација на водите таа треба да биде одII класа.
Г. Момироски