Водата во Охридското Езеро е исправна за капење и рекреација покажале резултатите од физичко-хемиските и микробиолошки испитувања на квалитетот на водата во Охридското Езеро што на почетокот на овој месец ги спроведе Заводот за за здравствена заштита Охрид.

-Генерално може да се каже дека во месец мај водата во крајбрежниот дел од македонска страна, најповеќе припаѓале на Прва и Втора класа, поточно од Прва класа биле 55 отсто од анализираните примероци, а од Втора класа 30 проценти, додека остатотокот 4 отсто, односно еден примерок на вода биле од Трета класа, истакна Сашо Точков, од Заводот за здравствена заштита.


Тој истакна дека најголеми загадувачи и натаму се четирите реки кои се вливаат во езерото –  Черава, Коселска, Сатеска и Велгошка. Водата во три од реките е од втора и трета класа, додека кај Велгошка река водата е од четврта класа, рече Точков.  

Извршена била и кинтрола на водоводниот системи во Охрид, Струга и Дебар кои покажуваат дека водата од трите градски водоводи е здравствено исправна, со добар квалитет. И натаму проблем е водата од селските водоводи која е со променлив квалитет, поради нередовното дезинфицирање. Квалитетот на водата на јавните градски чешми во Охрид е исправна за пиење, додека водата од  Билјанините извори е со променлив квалитет.

Анализирана е и водата од изворот кај Света Петка во Свети Наум, која  е со лош квалитет поради бактериско загадување.

-Констатирано е присуство на ентерококи и ешерија коли, бактерии кои не смеат да се најдат во водата за пиење затоа што може да предизвикаат здравствени проблеми, истакна Точко.

Г.М.