Во британските аптеки се продаваат капки кои се рекламираат како апсолутно ефикасен лек против затнат нос-чудотворното средство е всушност филтрирана морска вода од Ламанш која се продава во шишенца по цена од 14 долари.
Бидејќи водата се зема од Ламанш, кој се смета за еден од најпрометните морски патишта на светот и во него се излеваат отпадни води од бројните околни индустриски зони, компанијата „Шеринг Плау“ тврди дека капките ефикасно помагаат во лечењето на затнат нос и по нивната примена луѓето полесно дишат. „Се работи за 100 % прочистена морска вода“, тврдат фармацевтите кои стојат зад тој производ.