Резултати од комплетната физичко-хемиска и микробиолошка анализа на примероци на вода за пиење од градската водоводна мрежа во Охрид, земени по делимичното санирање на дефектот на главната водоводна цевка во Охрид (24.01.2024) и анализирани во лабораториите на Центар за јавно здравје Охрид, покажуваат дека сите испитувани параметри се во граници на законски дозволените вредности и водата е здравствено безбедна за пиење.

Првични физичко-хемиски анализи на примероци на вода за пиење од градската водоводна мрежа во Охрид, кои беа земени и анализирани и изминативе два дена покажаа дека немаше отстапување од законски дозволените вредности на соодветните параметри, вклучително и параметарот матност.

Во сите контролирани примероци на вода за пиење констатирано беше и присуство на дезинфекционо средство.

OhridNews