Водата од Билјанини извори не е исправна за пиење поради загадување со патогени бактерии, предупредуваат од охридскиот Институт за јавно здравје. Оттаму, потенцираат дека станува збор за појава која се повторува години наназад, во пролетниот период и во есен.

  • Кога има поголеми количини врнежи од дожд, топење на снег и поткревање и раздвижување на подземните води, посебно во делот околу Билјанини извори. Една од основните причини е што во близина на изворот има голем број септички јами, бачила, штали и каде е земјиштето загадено, вели директорот на Институтот за јавно здравје Охрид, Сашо Точков.

Кај Билјанини извори ќе биде поставена табла која ќе ги информира граѓаните дека водата не е исправна за пиење, а во наредниот период ќе продолжи редовното вршење на анализи на примероците земени од водата со цел јавноста редовно да биде информирана.

Останатите јавни чешми во градот се со исправна вода за пиење.

OhridNews