милиони лица умираат годишно поради тоа што немаат питка вода или вода
за одржување на личната хигиена. Околу една милијарда луѓе воопшто немаат
пристап до здрава вода за пиење, 2,5 милијарди немаат соодветен водовод
и канализација, а секоја година поради недостиг од вода умираат 10 пати
повеќе луѓе отколку во војните ширум светот. Прогнозите на Обединетите Нации дека до
средината на овој век дури седум милијарди луѓе ќе бидат соочени со
недостиг на вода, укажуваат дека човештвото е исправено пред
сериозен предизвик. Басените со питка вода во иднина ќе бидат подрагоцени
од нафтените полиња, а војните во 21 век ќе се водат за вода
предвидуваат експертите.
22 март е
Светскиден на водите. Во Македонија водата ја има доволно, но таа не е идеално расределена, така што во одредени краишта ја има во изобилие, и лошо се манаџира, додека други се соочуваат со недостаток на вода.
Состојбата со Охридското Езеро, кое годинава бележи покачен водостој, генерално е
добра. Во најголем дел водата од езерото е од висока прва и втора категорија. И
натаму најголеми загадувачи се реките Черава, Сатеска, Коселска и Велгошка кои во Охридското Езеро носат вода од 4
или 5 класа, а проблем претставува и застарениот и преоптоварен колекторски систем кој не може да ги прифати и преработи сите отпадни води. Се уште има населени места во сливот на Охридското
Езеро кои не се опфатени со колекторот, а голем е и бројот на септичките јами кои се потенцијални загадувачи на питките води.
Водата од градскиот водовод во Охрид е исправна за пиење, но загрижува состојбата во руралните средини, каде и натаму постојат неисправни бунари и резервоари за вода кои не ги исполнуваат основните хигиенски услови