Загадената вода предизвикува 10 проценти од болестите и 6 проценти смртни последици во светот, покажало истражувањето на Светската здравствена организација (WHO) која предупредува на голема разлика помеѓу богатите и сиромашните земји.

Во објавениот извештај WHO оценува дека проблемите со водата, прочистувањето и хигиената се одговорни за 9,1 процент од болестите кои секоја година се појавуваат во светот. Децата се најчести жртви на загадената вода која е причинител на дури 22 проценти на болести кај децата до 14 години.

Исто така, водата предизвикува скоро 1 процент од болестите во развиените земји, а во земјите во развој дури 10 проценти, додека во Ангола најмногу, 24 проценти. Со водата се пренесуваат болести како што се маларија, диареа и многу други.


„Во 35 најтешко погодени земји, повеќе од 15 проценти од болестите би можеле трајно да се спречат со подобрување на квалитетот на водата за пиење, прочистување и хигиена“ – рекла Анета Пруес Устеун, авторката на извештајот.

Анета Пруес Устеун ги повикува сите држави да придонесуваат на тоа поле, истакнувајќи дека секој вложен долар донесува заработка од 8 долари, брагодарение на заштедите за лечење и поголемата продуктивност во работата.

Поради загадената вода умираат 6,3 проценти од болните, а таа бројка се движи од 0,5 проценти во развиените земи до 8 проценти во земјите во развој.

Кај децата водата предизвикува една четвртина од смртните резултати.