Тринаесет годишна ученичка од ОУ „2 Октомври“ во Зрењанин со нож нападнала соученичка во одделението и и’ нанела повреди во пределот на грбот, додека во Нови Сад е уапсено девојче (14) поради закани на соученици и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материјали, јави дописникот на МИА од Белград.

Нападот во Зрењанин е регистриран утринава во 9.30 часот во женскиот тоалет во училиштето. Повреденото девојче е префрлено во Ургетниот центар во Зрењанин и е згрижено од лекарите.

Според директорот на училиштето, Игор Китареску, се работи за површинска рана на грбот и девојчето по хируршката интервенција е пуштена на домашно лекување.

Припадници на МВР во Нови Сад денес уапсија девојка (14) од околината на градот, поради сомнение дека сторила кривични дела загрозување на безбедноста, предизвикување паника и неред и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материјали.

Се сомнева дека девојчето на социјалните мрежи им се заканувала на учениците во оддделението и му давала поддршка на осомничениот за убиството во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, соопшти порталот нова.рс.

Полицијата во нејзината соба пронашла куршум од непознат калибар.

Малолетничката со кривична пријава е донесена кај надлежниот судија на Вишиот суд во Нови Сад, кој по сослушувањето и одреди мерка притвор до 30 дена.

OhridNews

фото. Архива