Чествувањата по повод празникот Богојавление – Водици започнаа утрово во 7 часот со богослужби во охридските парохиски цркви. Литиите од трите цркви „Св. Никола- Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Св. Георги од Горна Влашка Мала ќе се сретнат на плоштадот Св. Климент Охридски неколку минути пред 10 часот и ќе се упатат на пристаништето.
Според предвиденото, точно во 10 часот од Светилникот на пристаниште Дебарско – кичевскиот митрополит Тимотеј ќе го положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро.
Чинот на осветување на езерските води следете го во живо на нашиот портал и на нашата фан страна на Фејбук.
Во редовните вести OhridNews ќе известува за богојавленските чествувања во охридско и регионот.
По положување на крстот и осветување на езерската вода, точно напладне кај месноста „Сараиште“ ќе се одржи и традиционалното свето крштевање на сите луѓе кои сакаат да се крстат.
На градскиот плоштад во 12 часот, концерт ќе одржи групата „Љубојна“, а од 9 до 15 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција.
Г.М.