Министерот за здравство Венко Филипче во 15 часот ќе одржи прес-конференција на која ќе бидат соопштени најновите информации за ситуацијата со коронавирусот во земјава,

Владата соопшти дека поради мерките на заштита, пресконференцијата ќе се одржи без физичко присуство на новинари.

Претпладнево министерот Филипче информираше дека во земјава се регистрирани нови 19 случаи, од кои еден во Охрид, со што бројот на заболени од коронавирус се искачи на 67.

OhridNews