Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар, објави попладнево на Твитер министерот за здравство Венко Филипче.

Со овие случаи вкупниот прој на заразени од вирусот Ковид 19 во земјата се искачи на 31.

Апелирам до граѓаните да седат дома, да не излегуваат без некоја посебна потреба, да се саморганизираат во смисол на влегување во маркети да не се создава голема гужва, заради тоа што тоа е едиствениот начин да се стави крај на патот на ширење на вирусот. – истакна Филипче.

Најновите информации за состојбата со корона вирусот министерот за здравство ќе соопшти на прес конференција во 19 часот, што ќе ја пренесуваме во живо.

Г.М.