Во салата „Билјанини извори“ во Охрид, денеска почнува Првиот меморијален турнир „Крсте Андоновски – Усташ“, што го организира Градскиот ракометен клуб Охрид, под покровителство на Општина Охрид.

На турнирот учествуваат четири екипи, Охрид, Тиквеш, Пролет и Партизан од Белград.

Во првиот натпревар од 17:30 се среќаваат Партизан и Пролет, а овој натпревар може да го следите во живо на нашиот You Tube канал.

Од 20 часот се среќаваат Охрид и Тиквеш.. Натпреварот за 3 место и финалето се играат утре.

Крсте Андоновски – Усташ (1936-2003), има оставено белег на охридскиот, македонскиот и југословенскиот ракомет. Бил долгогодишен селектор на Македонската машка сениорска и младинска репрезентација, член на стручен совет на СФРЈ во кој совет членуваа по еден тренер од секоја република и покраина, како и тренер на ЕМО Охрид, ОТЕКС Охрид, Пелистер, Тутунски Комбинат, Прилеп и Партизан Кичево.

Пред почетокот на турнирот ракометарите на Охрид, стручниот штаб и раководството беа примени од градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој на „гладијаторите“ им посака успешна сезона.

Г.Момироски