Во рамки на програмата на овогодинешното седмо издание на „Охрид трчаТ“ денес панел дискусија на тема „Регионалната соработка VS спортските настани“.
На панелот говорници се градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, организацискиот директор на РанЧех, Сашо Беловски, директорот на Белградски маратон, Дарко Хабуш и директорот на Полумаратон Дубровник, Ален Бошковиќ, додека модератор е спортскиот новинар Марјан Ников.
Спортот и спортските настани отвораат многу врати за соработка и особено за пријателства. Ние како дел од заедницата на организатори на спортски настани, во нашиот случај настани за трчање, имаме големо позитивно влијание врз регионалната соработка. Нашето искуство, искуството на нашите пријатели и бенефитот за градот Охрид ќе го слушнете од топ панел гостите што ги имаме на овогодинешното традиционално издание на „Охрид трчаТ“ панел дискусијата, информираат претходно од организациониот одбот на „Охрид трчаТ“.
OhridNews