ЕХФ Европски Куп
Ракометарите на Охрид денеска од 17 часот во Романија го играат реванш натпреварот од 2-то коло од ЕХФ купот против Потаиса Турда. Четата на Алушовски во реваншот влегува со шест гола предност остварена во првиот меч одигран во Охрид (31:25). Охридњуз ќе информира за текот на средбата и најважните моменти. За да ги следите измените повремено освежувајте ја страната (рефреш):
Крај на натпреварот.
Потаиса Турда високо го порази Охрид со 39:29 со што целосно ја анулира победата на „Гладијаторите од првиот меч (31:25) и се пласира во 3-то коло од ЕХФ купот.
59. мин
Турда води 37:29
57. минута
Ојлески прецизен, 36:26.
56. мин
Домаќинот има највисоко водство на мечот 36:25
55. мин
Пешиќ реализира во напад, Турда води 34:25.
53. мин
Турда поведе со 10 разлика 32:22. Јотиќ возврати за 32:23, но домаќинот постигна брз гол, на што повторно враќа Јотиќ за 33:24.
51. мин
Се игра гол за гол. Турда води 31:22
50. мин
Турда има високо водство од 30:21
47. мин
Рурда ја има највисоката предност на мечот 28:19.
43. мин.
Домаќинот ја анулира целосно предноста на Охрид од првиот меч и поведе со 25:18.
42. мин.
Турда има предност 23:17
Почеток на 2 полувреме
Турда ја зголеми предноста на 19:15.
30.мин
Крај на првото полувреме. Турда води 17:14.
28.мин
Турда – Охрид 15:14
23.мин
Турда поведе 11:10, Охрид возврати за ново израмнување 11:11.
21.мин.
Чаневски од гол во гол за 8:7
20мин.
Гал Цирар промаши пенал за Охрид.
18. мин.
Досудени два пенали за Турда кои домаќинот ги реализира и води 8:6.
16 мин.
Охрид од пенал израмни на 6:6. Стрелец Цирар.
14.мин
Турда – Охрид 5:5
12 мин.
Охрид реализираше пенал за 4:4
7 мин.
При резултат 2:2, исклучен играчот на Охрид Пешиќ.
5 мин.
Потаиса Турда води 2:1.
16:15
Ракометарите на Охрид излегоа на терен и се загреваат за натпреварот со Турда.
16:00
Арена „Турда“ на час пред почетокот на мечот подготвена за натпреварот. Ова модерно спортско здание собира 3183 гледачи и се очекува солидно да биде исполнета.
Судии на натпреварот се Јоргос Панајидес и Мариос Андреоу од Кипар. Делегат е Фахредин Хашани од Босна и Херцеговина.
Г.М.
Фото: А. Момироска