Во рамки на 2 коло од плеј – офот во ракометната Супер лига, во салата „Билјанини извори“ се среќаваат ГРК Охрид и – РК Вардар.

На полувреме ГРК Охрид има негатива од 3 гола. По почетните 1:1, вардарци ја направија првата поосетна разлика 1:5. На вториот гол за домаќините се чекаше до 13 минута. Следеше период на изедначена игра, по што на сцена стапи турскиот интернационалец во дресот на Охрид Каракоч. Тој со неколку гола и одлични потези во серија го врати Охрид во живот 11:14. Манасков на триесеттина секунди до полувремето зголеми на 11:15. На идентичен начин на спротивната страна погоди Дрогришки за 12:15 на полувреме.

Натпреварот може да го склефите на линкот подолу:

Супер лига плеј – офф 2 коло ГРК Охрид – РК Вардар

OhridNews