Во борбата за третото место на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ што се игра во салата „Билјанини извори“ попладнево во 15.30 часот ќе се сретнат ГРК Охрид и Тинекс Пролет. Во полуфиналето вчера Охрид загуби од Тиквеш, додека Тинекс Пролет беше поразен од Партизан од Белград.
Натпреварот ГРК Охрид-Тинекс Пролет може да го следите во живо на OhridNews и на нашата Фејсбук страна.
Финалето на првиот Меморијален турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ ќе се одигра, исто така, денеска во 18 часот во салата „Билјанини извори“, а се среќаваат Тиквеш Кавадарци и Партизан од Белград.
OhridNews