Новата сезона во ракометната Супер лига стартува денес со Езерското дерби Струга – Охрид. „Гладијаторите“ се свесни за предизвикот и значењето на мечот во кој влегуваат мотивирани успешно да го почнат првенството во кое ГРК Охрид има високи амбиции.

Од натпреварот со Струга очекувам силна, машка борба. Сите знаеме од какво значење е ова дерби меѓу Охрид и Струга. Мечот сигурно ќе биде тежок, но ќе дадеме се од себе да го испочитуваме договорот од нашата соблекувална и бодовите одат со нас во Охрид!, вели десниот бек на ГРК Охрид, Дејан Шешиќ.

Мора да дадеме 100% од себе на натпреварот со Струга за да ги однесеме бодовите од Езерското дерби во Охрид, вели десното крило на ГРК Охрид, Гал Цирар. Во новата сезона ГРК Охрид влегува со изменет состав, нов тренер и високи амбиции.

Имавме доста промени и нов тренер кој наметна поинаков начин на работа, со многу тренинзи и анализи. Работиме навистина многу и сакаме да се искачиме што повисоко на табелата, додава Цирар.

Натпреварот од 1 коло од новата сезона во ракометната Супер лига меѓу Струга и Охрид се игра во салата „Нико Нестор“ во Струга со почеток во 17 часот.

Линк за следење на натпреварот:

 

OhridNews