20:35 Во салата „Билјанини извори“ вечерва се игра вториот натпревар на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“, што го организира ГРК Охрид, под покровителство на Општина Охрид.

Се среќаваат домаќинот Охрид и РК Тиквеш од Кавадарци.  По првите 30 минути Тиквеш води 08:10.

Мечот може да го следите во живо на нашата Фејсбук страница.

Пред почетокот на мечот внуците на Крсте Андоновски Усташ, актуелниот капитен на ГРК Охрид Крсте Андоновски и неговиот братучед и соиграч Даниел Андоновски, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков им  врачи сувенир во чест на нивниот чичко, познат и признат тренер и голем спортски работник.

Претходно во дфраматичен меч Партизан од Белград на пенали го совлада Тинекс Пролет и избори пласман во финалето, кое на програмата е утре.

Г.М.