Во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на Ковид-19, од кои 1 во Охрид, 3 во Струга, 47 во Скопје, 18 во Куманово, 15 во Тетово…
Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74г), двајца од Тетово (68 и 55г) и еден пациент од Струга (62г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти, од кои 2 во Охрид и 3 во Струга.
Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16557, бројката на оздравени пациенти е 13792, на починати е 689, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2076.
OhridNews