Инвестициите во сообраќајната инфраструктура се нашиот приоритет, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески. Тој денеска објави дека во завршна фаза се градежните активности од проектот за реконструкција на улицата „Марко Цепенков“ во населбата „Видобишта“.

Деновиве беше поставен завршниот асфалтен слој на коловозот, а претходно се изведуваа работни активности за поставување на нови рабници и поплочување на пешачката патека од едната страна на улицата. Во текот на наредниот период планирано е поставување на соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација. 0 најави Георгиески.

Паралелно се одвиваат градежни работи за реконструкција и санација на повеќе други улици во градот, меѓу кои и на „Амас Емин“, каде вчера беа асфалтирани првите метри од оваа исклучително значајна сообраќајница, каде комплетно се обвновува и подземната инфраструктура после 40 години.

OhridNews