Во тек се финалните активности од реализацијата на проектот за целосна конзервација и реставрација на куќата на Хаџиеви која го има статусот на значајно културно наследство.

Во оваа фаза се извршуваат конзерваторско-реставраторски активности на фасадата и се заменува дотраената дограма на куќата, велат од НУ Завод и Музеј Охрид.

Проектот е финансиран од Министерството за култура, а се изведува под стручен надзор од м-р Горан Патчев, виш конзерватор од НУ Завод и Музеј Охрид.

 

OhridNews