Во завршна фаза е изградбата на игралиштето за Баскет наменето за спорт  и рекреација на жителите од населба „Црногорци“.

Игралиштето кое го градат Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт е сместено во спортскиот дел од комплексот и е со димензии 22м на 22м и површина од 422 м2. На игралиштетот е поставена специјална подлога, рефлектори, соодветни спортски реквизити, канти за отпадоци и клупи.

Општина Охрид во иднина планира овој дел на градот да го разубави и со останати спортски содржини.

OhridNews