Сириецот Џабар ал-Бакр, кој беше осомничен дека подготвувал терористички напади во Германија, синоќа извршил самоубиство во истражниот затвор во Лајпциг, јавуваат германскиот медиуми, пренесува „Макфакс“.
Дваесет и двегодишниот Сириец е пронајден обесен во својата ќелија во затворот во Лајпциг“, пренесе електронското издание на дневниот весник Билд, повикувајќи се на извори во министерството за внатрешни работи на германската сојузна покраина Саксонија, а веста подоцна ја потврдија и информативно-новинските агенции.
Џабар ал-Бакр беше уапсен во понеделникот рано утрото во еден стан во Лајпциг, откако во саботата успеа да им побегне на полициските специјалци во текот на рацијата за негово апсење во блискиот град Кемниц.
Според новите сознанија, германските власти преку странски разузнавачи служби дошле до сознанија за Сириец кој во 2015 година како бегалец влегол во Германија. Според последните сознанија на Бирото за заштита на јавниот поредок, ал-Бакр веќе оваа седмица имал намера да изврши самоубиствен напад во еден од двата аеродрома во престолнината Берлин.
,Во средата попладнето се појавија информации дека ал-Бакр обвинува тројца сонародници, коишто во неделата вечерта го врзале а потоа и ја известиле полицијата, дека биле упатени во неговите терористички планови.
Како што наведува истрагата, ал-Бакр бил во контакт со ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава,а според некои сознанија во неколку наврати пред доаѓањето во Германија,м на подолг период престојувал во Турција. Постојат сомневања дека таму од припадници на исламската држава добил пари и упатства за извршување на бомбашки напад.
Засега нема информации за потеклото на експлозивот кој полицијата го опиша како „исклучително опасен“ откриен при претресот на неговиот стан во Кемниц.
OhridNews
извор:„Макфакс“