Индискиот суд го осудил 75 годишниот лекар на казна затвор бидејќи прифатил 25 рупји мито (околу 0,5 евра) пред 24 години.

Индиската полиција го фатила Балговин Прасада како зема 25 рупји мито од некој човек во 1985 година за издавање лажна лекарска потврда.


Тој случај во судот се одолговлекувал со години. Прасад бил осуден во 1992 година на 1 година затвор, но по поднесената жалба на пресудата бил пуштен на слобода до правосилната пресуда.

Во вторникот судот ја намалил казната на 3 месеци со образложение на малиот износ на митото.

Индиското правосудство е познато по долгите судски процеси и не ретко се случува вакви беззначајни случаи да се решаваат со децении.