Саудискиот суд го осудил деловниот човек на затворска казна од 4 месеци 200 удари со стап, бидејќи организирал концерт во кој заедно учествувале мажи и жени, со што остро се спротивставил на исламската верска полиција, известува саудискиот весник Оказ.

Деловниот човек го пријавиле соседите, на кои не им било мило што во организирал концерт во кој заедно учествувале мажи и жени.


Со оглед на тоа дека не се покорил на нивната наредба веднаш да го прекине концертот, го привеле агенти од озлогласената и моќна верска полиција, а веднаш потоа завршил пред судот. Таму бил осуден за попречување на работата на верската полиција и вмешаност во организирањето на мешаниот концерт, пренесува весникот, не наведувајќи деталности.

Саудиска Аарабија е ултраконзервативна земја во која верските власти на големо влијаат врз животите на жителите. Во таа земја на сила се бројни закони кои вршат сегрегација меѓу половите.