Еден швајцарец бил осуден на седум месеци затвор и три удари со камшик поради тоа што провалил во железничка станица и напишал графити на два воза на подземната железница во Сингапур. Оливер Фрикер од Швајцарија бил осуден во јуни за вандализам и провала.
Тој во мај заедно со соучесникот Дејн Лојд од Велика Британија, кој е во бекство, провалил во метрото и ги насликал возовите со графити. Судијата рекол дека дополнителна околност која оди против него била таа што провалил во заштитен јавен простор, со што ја нарушил јавната безбедност.