Еден брачен пар од Америка се нашол зад решетки бидејќи не ја известиле банката која по грешка им „подарила“ 175.000 долари.
Наместо тоа 50-годишниот Ренди Прат и 36-годишната Мелиса Прат, ги подигнале парите, дале отказ на работа и се преселиле од Пенсилванија во Флорида.
Кога грешката била откриена во банката, парот бил во преговори за купување куќа во Орландо.
Биле уапсени во вторникот, обвинети за кражба и затворени со кауција од 100.000 долари.
Наместо 1.772,50 долар, на нивната сметка во банката ФНБ минатата година се појавиле 177.255 долари. Полицијата наведува дека Мелиса изјавила оти нејзиниот маж, градежен работник, често добивал чекови со високи износи и дека не знаела за грешката во банката.