Управата на британскиот замок Варвик одлучила да го намали доживувањето откако 19 посетители се онесвестиле од страв во првите месец дена од отворањето. Посетителите на средновековниот замок ги дочекува лажна крв и модели од жртви на мачење во природна големина.

Во внатрешноста имало симулации како на мечениците им ги корнат јазиците. Управителката изјавила дека уште од првиот месец се гледа дека замокот не е за оние со слаб желудник и срце. Вилијам Освојувачот го изградил замокот во 1068 година. Го рекламираат како голема атракција на стравот.