Вулкан во ерупција во полинезискиот архипелаг Тонга створил нов остров поради енормниот волумен карпи и пепел кои ги осфрлува речиси еден месец. Вулканот сместен на околу 65 километри северозападно од главниот град на кралството тонга Нукуалофе се разбудил на 20 декември прв пат во последниве пет години. Ерупцијата започнала од два кратери, еден на ненаселениот остров Хунга Ха’апаи, а вториот под морето на околу 100 метри од брегот.

 

Експертите ја прегледале зоната со брод и востановите дека ерупцијата го променила пејсажот. Новиот остров е широк повеќе од еден километар, долг два километри а висок стотина метри. Ерупцијата предизвикала голема штета на вегетацијата на островите Хунга Тонга и Хунга Ха’апаи. Тонга е држава во истоимената полинезиска островска група во југозападниот дел на Тихиот Океан, источно од Фиџи и опфаќа повеќе од 170 острови со вкупна површина од 748 квадратни километри.